ОН: Преговорите за Кипар продолжуваат на 11 април

Од:

Лидерите на кипарските Грци и Турци се согласија на 11 април да продолжат преговорите за обединување на Кипар, соопштија синоќа ОН.

По седум недели прекин на преговорите, договорот за продолжување е соопштен по средбата во Брисел меѓу генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.

Акинџи и кипарскиот претседател Никос Анастасијадис од мај 2015 година повремено и без поголем успех разговараат за обединување на островот, за што е предуслов решавање на повеќе компликувани правни и технички прашања, а не е познато ниту расположението на јавноста.

Состанокот на двајцата лидери беше закажан за февруари, но Акинџи се повлече бидејќи во училиштата во грчкиот дел на Кипар бил воведен час за референдумот во 1950 година за обединување на Кипар со Грција.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ