ОН: Имаме историска шанса за обединување на Кипар во 2017

Од:

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за Кипар, Еспен Барт Ејде смета дека етнички поделениот остров има историска шанса за обединување во 2017 година.

Според него, средбата меќи лидерите на двете кипраскиз аеднициа во Женева, закажана за 10 дена ќе биде клучна за постигнување мировен договор.

Ејде во статија за „Сајпрус Викли” пишува дека кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, покажале политичка волја за ставање крај на конфликтот.

– Тие признаваат дека статусот кво е неприфатлив и неодржлив и дека постојните преговори претставуваат најдобрата можност за решение. Постигнувањето договор ќе донесе реална политичка и економска полза како за Кипранците, така и за целиот регион, стои во статијата.

Според медијаторот, 2017 претставува „историска шанса” за отворање нова страница од историјата на Кипар.

Кипар е поделен од 1974 година, кога северниот дел од островот беше окупиран од Турција како одговор на државниот удар на група кипарски Грци, кои се залага за присоединување на Кипар кон Грција.

Анастасијадис и Акинџи ќе ги продолжат преговорите за обединување на Кипар, кои се одвиваат под покровителство на ОН во Женева, од 9 до 11 јануари.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ