Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, денеска пристигна во дводневна официјална посета на Словенија, како прва дама на Украина, јави СТА.
Олена Зеленска престојува во Словенија на покана на Алеш Мусар, сопругот на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, а главната цел на посетата е да ги презентира потребите на Украина во врска со хуманитарната помош за жртвите од војната.
Зеленска, придружувана од министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, во претседателската палата ќе се сретне со Алеш Мусар и со словенечкиот претседател, соопштија од кабинетот на претседателот.
Како што е најавено, Зеленска и Мусар ќе ја посетат и Клиниката за детски болести во Љубљана.
Зеленска утре ќе присуствува на годишниот состанок на советодавниот одбор на словенечката непрофитна организација Подобрување на човековата безбедност (ИТФ), кој ќе биде посветен на хуманитарните потреби на Украина.
Украинската делегација ќе ја прими и словенечкиот премиер Роберт Голоб.