Зеленска пред британските пратеници: Не ни треба само победа, ни треба и правда

Од:

Секојдневно слушаме сирени. Тие се идентични со оние што ги слушаа британските генерации во Втората светска војна. Вие не се предадовте и ние нема да се предадеме. Но победата не е единственото нешто што ни треба. Ни треба правда. Доаѓам кај вас по правда, изјави денеска украинската прва дама Олена Зеленска од говорницата на британскиот Парламент.

За време на обраќањето во Вестминстер, Зеленска ја повика светската заедница да се обедини и да поддржи формирање на специјален суд каде Русите ќе одговараат за злосторствата извршени за време на инвазијата на Украина. – Ве молам за мала услуга, за станете светски лидер во напорите за правда, нагласи таа.

– Русите, со масивни напади со ракети и дронови, се обидуваат да ги претворат деновите и ноќите на Украина во ужас, рече Зеленска.

Таа додаде дека повеќе од 20 милиони Украинци останале без струја, вода и греење поради руските ракетни напади и дека Русија „користи системско насилство во многу окупирани градови и села во Украина“.

Таа рече дека биле идентификувани илјадници злосторства извршени од руските сили, вклучително и сексуално насилство. – Најмладото девојче кое беше силувано од руските окупатори имаше четири години. Најстарата преживеана имаше 85 години. Ова се жртвите, рече Олена Зеленска, барајќи правда за нив.

– Правда не е потребна само за Украина, туку и за целиот свет, за да не се владее со сила. Ни треба правда за светот да опстане, го заврши својот говор сопругата на украинскиот претседател. На крајот од својот говор таа доби овации од присутните пратеници.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ