Украина: Руски војници силувале петгодишно девојче

Од:

Висок украински функционер денеска изјави дека руски војници силувале петгодишно девојче и 76-годишна Украинка, пренесува Sky News. Јулија Свириденко, заменик премиер на Украина, рече дека видела голем број признанија од украински девојки и жени кои биле жртви на сексуално насилство за време на војната.

На прашањето како руските војници се однесуваат со Украинките, Сириденко рече: „Ужасно. Разговаравме со жени и деца кои беа силувани. Најмладата имаше само пет години, а најстарата 76. Ова се ужасни приказни за кои светот треба да знае“

„Сакам да ја истакнам важноста на санкциите против Русија и важноста да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружјето што ни е потребно за да ја завршиме оваа војна со победа. Нашиот народ страда огромно, особено жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ и Украина се подготвува за ново гранатирање, за ракети насочени според нашата електрична мрежа“, додаде таа.

Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа исто така тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област