Околу 40 маскирани напаѓачи упаднаа во рудник за злато во северна Грција

Од:

Околу 40 маскирани лица измината ноќ ги нападнаа канцелариите и машините на компанијатаа за преработка на злато во северна Грција, пренесоа агенциите.

Во местото Скурос, на полуостровот Халкидики, постои силен отпор против проектот за изградба на рудник за злато и фирма која ќе го преработува.

Локалните жители се противат на рудникот бидејќи, според нив, тој ќе ја уништи животната средина.

Рударската компанија „Хелас Голд“ е во 90-процента сопственоста на канадската рударска компанија „Елдорадо Голд“.

Пожарникарите и полицијата изјавија дека напаѓачите во објектот влегле утринава, пред изгрејсонце, и употребиле Молотови коктели и запаллива течност, за да ги потпалат машините и контејнерите, употребувани како канцеларии.

Еден чувар бил клоцан од напаѓачите и потоа бил примен во болница.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција