Oколу 3.500 лица учествуваа на првата геј парада во Кипар

Од:

Неколку илјади лица учествуваа на првата геј парада во Кипар, барајќи еднакви права во земјата во која влијателната Православна црква цврсто ја отфрла хомосексуалноста, пренесоа британските медиуми.

Развивајќи ги знамињата со боите на виножитото, повеќе од 3.500 лица, претставници на различни генерации, мирно прошетаа по улиците на кипарската престолнина, каде пред геј парадата дојде до судир меѓу мала група демонстранти против настанот и полицијата.

Кипар во 1998 година ја декриминализира хомосексуалноста, пет години откако еден од пионерите на правата на луѓето во оваа област Алекос Модинос успеа да ја осуди земјата во Европскиот суд за правата на човекот.

Активистите од оваа област тврдат дека земјата се уште заостанува зад другите земји од ЕУ во однос на правата на геј двојките и бавно го воведува законодавството за еднополови бракови. Хомосексуалните двојки во Кипар немаат исти права како бисексуалните двојки при добивањето социјални станови и друга помош.

Непосредно пред почетокот на геј парадата, околу 200 лица, меѓу кои и свештеници, организираа гласен протест пред Парламентот на земјата. Кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се доближат до учесниците на парадата, дојде до судир меѓу нив и силите на редот, пренесоа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ