Околу 200 луѓе протестираа во Софија

Од:

Во центарот на Софија синоќа се собраа околу 200 лица, протестирајќи 16-ти ден по ред поради големи сметки за електрична енергија.

Демонстрантите се собраа пред Националното собрание, извикувајќи „Мафија!“. Малиот одѕив на синоќешните протести организаторите му го препишаа на фактот дека „понеделник е работен ден и многумина од оние кои излегле на протестите за време на викендот морале да одат на работа“.

Протести се одржале и во Трговиште, Пловдив и други градови.

Бугарската полиција вчера уапси 30 демонстранти во Софија поради нарушување на јавниот ред по официјалното завршување на протестите против монополот и енергетската политика на властите.

Меѓу уапсените демонстранти имало и лица со полициско досие за наркотици, насилство и кражби. Приведените демонстранти по сослушувањето во полиција се пуштени на слобода.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени