Околу 20 проценти од Грците се без социјално осигурување

Од:

Околу 20 проценти од грчкото население е без социјално осигурување, соопшти министерот за здравство на Грција, Адонис Георгијадис и најави дека постојат планови овие луѓе да добијат бесплатни лекови.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Георгијадис рече дека Владата ќе го знае точниот број за три недели, откако ќе заврши пописот на луѓето без социјално осигурување, бројка за која сега се претпоставува дека се движи од 1,9 до 2,4 милиони Грци. Пописот се спроведува како дел од програмата Атлас, слична на шемата Хелиос, која доведе до утврдување на точниот број пензионери во Грција.

Грчкиот министер за здравство рече негов „најголем предизвик“ ќе биде да се најдат потребните средства со кои ќе се обезбеди слободен пристап до лекови за оние кои останале без социјално осигурување, воглавно поради тоа што останале без работа.

– Сакаме да најдеме начин на кој државата може директно да ги покрие своите обврски. И тоа сигурно мора да се случи на начин на кој имаме јасна контрола врз тоа колку се троши, рече  Георгијадис.

Тој додаде дека Владата неодамна одвоила 13 милиони евра од мито примено при склучување на договор во областа на одбраната, кои биле вратени назад во јавната каса, со цел Грците без здравствена заштита да можат да се оперираат.

Неосигурените Грци, освен да ги купат, во моментов можат да добијат лекови само во бесплатните болници со кои раководат општините или во медицинските банки на Атинската медицинска асоцијација и Федерацијата на грчките фармацевтски компании.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица