Во големиот пожар, кој избувна рано утринава во марината Пунат на хрватскиот остров Крк, нема повредени, но целосно изгореа околу 20 јахти, долги од 10 до 15 метри, сопственост на странци, објавија хрватските медиуми.
– Штетите се мерат со милиони евра и би биле уште поголеми, доколку пристаништето Пунат немаше добар систем за заштита, изјави началникот на противпожарната управа Крешимир Жиц.
Причините за пожарот се уште не се познати.
Огнот бил забележан од ноќниот чувар во марината, во момент кога веќе гореле три јахти. Иако пожарникарите на островот пристигнале за неколку минути, огнот, разгоруван од силниот ветар, брзо ги зафатил другите јахти, кои биле густо распоредени во два реда по
десет јахти.