Охрид – нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Од:

Во Охрид ќе се одржи средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Аљбин Во Охрид ќе се разговара за договор за имплементација на европскиот предлог. Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека позицијата на Србија ќе биде потешка поради налогот на МКС за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и порача дека нема да потпише ништо во Охрид.

Состанокот свикан од високиот претставник на ЕУ, Јосеп Борељ, ќе започне во 10 часот. Дијалогот ќе се одвива со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак.

Како што е наведено, најпрво ќе се одржат одделни билатерални средби со Вучиќ и Курти, една по друга, со почеток во 10:30 часот, по што ќе следи заедничка трилатерална средба.

На крајот од средбата е предвидена изјава на Борел за медиумите.

Александар Вучиќ синоќа изјави дека поради налогот издаден од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, позицијата на Србија во Охрид ќе биде потешка.

Вучиќ рече дека сака да разговара за нормализација на односите и дека Србите и Албанците можат нормално да разговараат и повтори дека нема да потпише ништо во Охрид.

Тој на средбата во Сремска Митровица одговори на тоа што, како што рече, некои велат „ќе го спречиме утре да потпише“.

„Сега ви кажувам дека нема да потпишам ништо и не им е баш гајле. Мислите дека се среќни, не се, затоа што се радуваат само на несреќата на Србија и ќе беа среќен кога би рекол нешто друго. Сакам да зборувам за нормализација, дека можеме да разговараме меѓу себе“, нагласи претседателот.

Косовскиот премиер Албин Курти пак возврати дека ваквиот пристап на Вучиќ не е конструктивен. Тој вели дека дека е за целосна нормализација на односите меѓу Србија и Косови, но има забелешки на планот за формирањето на Заедницата на српските општини што вусшност е клучното барање на Белград. Курти вели дека Србија не може да бара формирање на ЗСО во држава што не планира никогаш да ја признае.

Јозеп Борел пред средбата посочи дека е време за договор меѓу Белград и Приштина за спроведување на договорот за нормализација на односите. Тој рече дека е време Белград и Приштина да „преземат одговорност“ и да направат чекор кон ЕУ.

Како што соопшти европската дипломатска служба, Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор пред охридскиот дијалог се согласиле дека сега е вистинско време да се преземат значајни чекори во интерес на евроинтеграциите на Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски