Официјални резултати од парламентарани избори во Србија – СНС 120 пратеници, Обединета Србија 38 мандати, СПС 32

Од:

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од парламентарните избори во Србија врз основа на 100 отсто од обработените гласачки ливчиња, а излезноста на изборите според тој примерок е 58,65 отсто од запишаните избирачи, јави дописникот на МИА од Белград.

Според РИК, најмногу гласови освоила коалицијата околу Српската напредна странка – 42,97 отсто од гласовите или 1.576.082 гласа, што би им донело 120 мандата според досегашните резултати, од 250 пратенички места во српскиот Парламент.

Коалицијата Обединети за победа на Србија освои 13,57 отсто од гласовите (38 пратенички места), коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС) 11,50 отсто (32 места), а коалицијата НАДА на ДСС – 5,39 отсто од гласовите (15 места).

Цензусот го поминаа и коалицијата на екологистите Мораме, која освои 4,63 отсто (12 места), десничарските Патриотски блок на Двери 3,83 (10 места) и Заветници 3,74 (10 места).

Пратеници ќе имаат и малцинските партии, односно Сојузот на војводинските Унгарци со шест мандати, Аманет на муфтијата – три мандати, Заедно за Војводина и СДА Санџак два мандата.

Цензусот не го поминаа Коалицијата на Албанците, Суверенистите, Српската радикална партија, Ајде луѓе и Киднапираните бебиња.

Според резултатите на РИК, малцинските листи на Алтернативи за промени, Ромската партија и Алијансата на руското малцинство нема да влезат во српскиот Парламент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија