Офицери ја напуштаат српската армијата и стануваат камионџии

Од:

„Данас“

Состојбата во Армијата на Србија никогаш не била полоша, судејќи според зголемениот број офицери кои ја напуштаат војската незадоволни од голем број фактори – од лошата финансиска ситуација, мобингот, непотизмот, непрофесионалноста и крајно понижувачки услови за работа.

Во просек, Армијата ја напуштаат по двајца офицери, двајца подофицери, двајца војници и едно цивилно лице.

Поразувачко е и тоа што генерали и мајори, по неколку децениска работа, се откажуваат од своите позиции,  и за повеќе пари најчесто  возат камиони или стануваат келнери во странство.

Таква е судбината на мајорот Драган Глигиќ, кој, по негово барање, си замина од Армијата, бидејќи во последните години не се чувствувал како нејзин припадник туку како „работник на одржување на кругот и просториите”.

Во своето барање за престанок на професионалната воена служба, кој го поднел до надлежните во мај, навел неколку причини поради кои се одлучил да преземе таков чекор, како и серија забелешки за работата на војската. Неговото барање беше усвоено и неговиот работен стаж му престана на 21-ви јули. На министерот за одбрана, Александар Вулин, како и српскиот претседател и врховниот воен командант Александар Вучиќ, претходно не им се ни обратил.

– Не им се обратив, ниту сакам. Јас сум школуван војник, а во однос на војската, може да се разговара само со офицерите, но не и со овие продадени души од генерали. Притоа, Вулин и не знае што е војска, вели мајор Драган Глигиќ за „Данас“.

Во моментов вози камион и чека документи од странство, за  да оди таму да работи. Неговата цел, вели тој, е целото семејство да го одведе надвор од земјата „за да не се мачи и да трпи понижување во државата”.

Во образложението со кое барал разрешување, мајор Глигиќ навел дека во Армијата на Србија во својство на офицер е од 1997 година. По повеќе од 20 години поминати како професионален лице во војската (офицер-мајор) истакнал дека повеќе не сака да биде на таа позиција, бидејќи поради опструкции и лична нетрпеливост на некои надредени, и покрај највисоките оценки кои ги добивал со години, му е оневозможено да напредува во кариерата.

– И покрај сите службени оценки ( „особено се истакнува – одличен”), јас сум веќе 10 години со чин мајор без можност за напредување. Офицерот кого го уапсив, бидејќи со својата војска, ја напушти позицијата и се обиде да избега, денес е полковник со завршени сите воени школи. Војникот веќе не е војник, туку обично писарче и работник на уредување на кругот и просториите, бидејќи, Боже мој, важно е касарните да бидат средни, а просториите, кои датираат од времето на Кралството Југославија, мора да се одржуваат без оглед на она што не ги исполнуваат условите за работа на офицери во 21 век, истакнува мајорот Глигиќ. Појаснува дека мајорот во 21 век, на голем минус, треба сам на себе во канцеларијата да пали оган и во таков простор да работи. Во Армијата, додава, се се сведува на тоа: молчете луѓе,  што е тука е, мора така.

– Доаѓам во ситуација, офицери, генерациски многу помлади, да ми објаснуваат како и што треба да работам. Многу од моите колеги го прекршиле законот и чесноста, а истите ненадејно напредуваат во кариерата, и тоа повторно поради некој чичко, вујко, тетка … Нашите приходи се сведени на минимум, а се под изговор дека земјата е во тешка финансиска ситуација и дека мораме да се солидаризираме со народот, вели Глигиќ, прашувајќи, ако е тоа така зошто и самиот државен и воен врв не се солидаризира со луѓето, „ туку, напротив, ги заземале своите фотелји по разни извршни и управни одбори и самите не знаат колку им се месечните примања”. За повеќе од 20 години, колку што работи во Армијата на Србија, не е станбено згрижен, и покрај многуте јавни ветувања, туку живее во куќа со неговите родители.

На прашањето дали некој од надлежните му се обратил ког изразил желба да ја напушти армијата, уснено или во писмено, одговара не.

– Мислите дека нив ги интересира зошто ја напуштам Армијата? Јас ви гарантирам дека дури и не го читат тоа што го пишуваме, туку само ставаат потпис на барањето, нагласува мајорот Глигиќ за „Данес“, додавајќи дека се поголем број на офицери ја напуштаат војската.

Новица Антиќ, претседател на Воениот синдикат на Србија, прецизира дека годишно Армијата на Србија ја напуштаат околу 1.600 вработени.

– Армијата дневно во просек ја напуштаат двајца полицајци, двајца подофицери, двајца војници и еден цивил. Годишно, тоа е околу 1.600 вработени. Тоа се алармантни податоци, но властите не прават ништо за да ја подобрат  положбата во војската. Тие кои заминуваат најчесто стануваат возачи на камиони, одат во Германија или Австрија, голем број од нив стануваат келнери, главно, во Малта, а дел од војниците наоѓаат работа на бродови, вели Антиќ.

Наместо на своите работни места, припадниците на Армијата на Србија едно време беа статисти во филмот Лазар Ристовски „Чорапите на кралот Петар”, каде што за дневница глумеа војници, но и селани по нивите. Деновите ги минуваа на сонце, но не можеа да ја одбијат задачата, бидејќи тоа беше наредба од Генералштабот на Армијата на Србија.

Нарушено здравје

Мајор Драган Глигиќ вели дека е во армијата значително му се нарушило здравјето, но според наодите на воените лекари секогаш бил оценуван како способен за работа. “Во армијата дојдов како способен и потполно здрав, а сега имам над 60 проценти оштетен слух на двете уши. Тоа оштетување настанало за време на воената служба. Добив аритмија, но военолекарската комисија оцени дека сум способен за воена служба “, наведува Глигиќ.

Полошо отколку во времето на Милошевиќ

„Ситуацијата во армијата никогаш не била полоша. Верувајте ми, и  во времето на Милошевиќ,  беше десет пати подобро од сега. Но, затоа денес, напредно и сеопфатно уништено сето она што го красеше српскиот војник. На сите колеги кои се уште се во Армијата на Србија им посакувам добро здравје и војничка среќа, но да напоменам: Бидете чесни и не дозволувајте вас и вашата љубов кон татковината да ја уништи некој кој не е достоен за својата земја “, напиша мајор Драган Глигиќ на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија