Оџалан повторно повика на прекин на вооружената борба и најави почеток на „нова ера“

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан денеска, по повод курдската Нова Година – Невруз, го повтори повикот за завршување на курдската вооружена борба, што е почната уште од 1984 година против турските власти, и го прогласи почетокот на „новата ера“ на мир, соопштија француските медиуми.

Во пораката, што беше прочитена пред повеќе од 200 000 лица во Дијарбекир, во јуоисточна Турција, Оџалан, кој се наоѓа на издржување на доживотната затворска казна, ја изрази желбата за организирање конгрес на ПКК „за завршување на вооружената борба“. Оџалан во пораката посочува дека со овој конгрес ќе почне новата ера.

„По периодот на борби ние навлегуваме во процес на мир“, се забележува во текстот, цитиран од турската телевизија НТВ.

Пораката на Оџалан беше прочитана на курдски и турски јазик од заменик претседателката на прокурдската Демократска партија на народите, Первин Булдан, и од пратеникот од оваа партија Сера Суреја Јондер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски