Одложена вондредната седница на кипарскиот Парламент посветена на финансиската помош

Од:

Кипарската Влада денеска ја одложи вондредната седница на кипарскиот Парламент на која требаше да почне процесот за ратификација на планот за спас на националната економија, договорен со Европската унија.

Седницата е одложена до утре во 16 часот по локално време, иако утре на Кипар е неработен ден „Чист понеделник“, што традиционално карневалски се слави ширум земјата.

Сигма ТВ јави дека претседателот на Кипар Никос Анастасиадес ја одложил седницата поради опасноста текстот да не биде изгласан.

Телевизијата наведе и дека се водат преговори со Централната банка таа да не работи во вторик, за да се спречи масовното повлекување на пари.

Парламент требаше да одлучува дали штедачите ќе плаќаат данок на депозитите на своите сметки, како што е предвидено со пакет помошта на еврозоната и на Меѓународниот монетарен фонд.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадес вчера им порача на сонародниците дека немало алтернатива и дека одбивањето на помошта би значело колапс на двете најголеми банки на островот. Двете банки вкупно имаат загуби од 4,5 милијарди евра, што е приближно една четвртина од националниот бруто домашен производ.

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната и ММФ во петокот одобрија десет милијарди евра помош за Кипар, со цел земајата да избегне банкрот. Договорот предвидува граѓаните еднократно да платат данок од 9,9 проценти на банкарските депозити, а ќе биде воведен и приход од камати врз основа на банкарскиот депозит. Односно, кипарската Влада одлучи да воведе данок од 6,75 отсто за сите кои имаат до 100.000 евра во тамошните банки, а од 9,9 отсто за оние со заштеда поголема од 100.000 евра.

Оданочувањето на банкарските сметки е преседан, но еврозоната се согласи на тоа бидејќи 37 проценти од вкупната сума пари во кипарските банки се странски капитал. Се претпоставува дека на тој начин ќе бидат собрани околу шест милиајрди евра.

Граѓаните на Кипар по веста за воведувањето на даноците побрзаа да ги извадат парите предизвикаа колапс на банкоматите. Комерцијалните банки, кои работаат во сабота, вчера ги затворија експозитурите.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ