Одложена e визната либерализација за Косово

Од:

Европратничката и известувач за визниот режим за Косово Тања Фајон соопшти дека се одлага визната либералзиација за граѓаните на оваа земја.

„ Одложено е гласањето за визна либералзиација на Косово од 12 јули за 5 септември. Гласањето најмногу зависи од ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Жал ми е, но оваа одлука ја донесов бидејќи не е забележан никаков потребен напредок кога се однесува на исполнувањето на последните критериуми, посебно рафикацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Искрено очекувам Парламентот на Косово да ја ратификува оваа спогодба што е можно побрзо, дури и пред летниот одмор, бидејќи тоа ќе ми овозможи да предложам одлука на есен и ќе обезбедам целосна поддршка во Комитетот за мојот предлог за укинување на визите за Косово“, изјави Фајон, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.

Таа нагласува дека ќе продолжи со напорите да му помогне на Косово на неговиот пат за слободно движење без визи, бидејќи, како што наведува, слободното движење, вклучувајќи и патувања без визи во земјите на Шенген зоната ,е она што луѓето го заслужуваат, посебно младите.

Министерот за евроинтеграција Беким Чолаку, ваквата одлука ја оцени како очекувана поради неизгласувањето на спогодбата за демаркација на гранциата со Црна Гора, што било и главен услов за добивање визна либерализација.

„ Изјавата на Фајон треба да се земе како последно предупредување дека спогодбата за границата со Црна Гора треба се случи доколку граѓаните на Косово сакаат да патуваат без визи. Тоа е еден јасен експлицитен услов“, изјави Чолаку за телевизијата Клан Косова.

Тој упати апел до политичарите во земјата да не го држат во заложништво слободното движење на граѓаните, бидејќи нема компромис за прашања кои се бараат од Унијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија