Оџалан ги повика членовите на ПКК да ги прекинат нападите

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан издал наредба до членовите на групацијата да престанат со извршување напади и да се повлечат од базите во северен Ирак, пишува турскиот весник „Сабах“.

Информацијата е објавена по средбата на Оџалан со двајца турски пратеници од курдско потекло во затворот на островот Имрали минатата недела.

Пратеничката од прокурдската Партија за мир и демократија Ајла Акат и независниот пратеник Ахмет Турк заминаа на островот, каде околу два и пол часа разговараа со Оџалан.

Лидерот на курдските бунтовници изразил надеж дека преговарачкиот процес, кој во моментов се води меѓу него и турското разузнавање, ќе доведе до траен мир.

– Се обидувам да постапам на начин на кој нема да бидат разурнати мостовите меѓу Турците и Курдите. Потребни се мошне внимателни дејствија со цел да се спречи натамошното гинење на млади луѓе, изјави Оџалан.

Тој ги повика курдските активисти во северен Ирак и во Европа да не предизвикуваат провокации.

Турската Влада соопшти кон крајот на минатиот месец дека разузнавачката агенција МИТ преговара со Оџалан со цел тој да ја убеди ПКК да го положи оружјето.

Сепаратистите од ПКК се борат за автономија на населениот претежно со Курди југоисточен дел на Турција од 1984 година. Десетици илјади лица загинаа во судирите оттогаш. ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, Европската унија и САД.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија