Македонско-грчката граница кај граничниот премин Ники повторно е проодна по протестите на Грците кои преминот го држеа под блокада до попладне.
Жителите на пограничниот град Лерин го блокираа патот на граничниот премин Ники во 11 часот во знак на протест против покачувањето на цената на нафтата за домашна употреба.
Според информациите, блокадата на која на секој час се пропуштаа возила, траела до 14 часот.