Во загрепската фабрика „Ледо“ дојде до истекување на амонијак, поради дефект на еден од вентилите, соопшти градската Канцеларија за управување во итни случаи, чии претставници тврдат дека нема повредени и оти во овој момент нема опаснот за загадување на животната средина.
Несреќата се случила изуринавт околу 7:40 часот во еден од фабричките погони, по што надлежните служби го информирале центарот 112 и инспекторот за заштита на околината.
Експертите го затвориле вентилот, а санацијата е во тек, јавуваат хрватските медиуми и додаваат дека пожарникарите на терен излегле со повеќе возила. На местото на инцидентот се испратени и полициски службеници и итна медицинска помош, а засега нема попрецизни податоци за количината на испуштениот отровен гас.
Амонијакот е штетен во случај на вдушување, ги надразнува дишните патишта, а поголеми количини можат да предизвикаат и смрт со задушување.