Од утре Кипар поделен во две временски зони

Од:

Островот Кипар од утре, освен по етничка линија, ќе биде поделен на два дела и според сметањето на времето.

Грчкиот дел на островот, како и сите останати земји од ЕУ, ноќеска ќе ги вратат стрелките на часовникот за еден час, со што ќе преминат на зимското сметање на времето.

Турскиот дел пак реши да остане на летното сметање на времето, следејќи го примерот на Турција.

Така Кипар ќе биде поделен во две временски зони.

Во септември Турција реши да остане постојано на летното сметање на времето. Турската Република Северен Кипар, која е признара само од Анкара, реши да го направи истото, поради економскиот сектор, трговијата, авионските летови и превозот, кои се поврзани со Турција.

Според локалното здружение на работодавачи, разликата во времето ќе претставува проблем за 5.000 кипарски Турци, кои работат во другиот дел на островот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ