Од судовите почнува постепеното олабавување на мерките во Грција, целосниот план ќе го соопшти Мицотакис

Од:

Постепеното враќање во нормала, започнува симболично од правдата, бидејќи на 27 април ќе се отворат Катастарот, Основните граѓански судови и Основните судови за конкретни процеси, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, најавувајќи го првиот чекор од постепеното олабавување на рестриктивните мерки.

Тој соопшти дека на 27 април или на почетокот на следната седмица Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис „ќе ги информира Грците за следните чекори и планот за враќање во нормала“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашата цел е планот да биде соопштен во целост, за сите Грци да знаат што ги чека, да го испланираат нивното враќање, враќањето на нивните семејства и нивните бизниси на општествените и економските активности што ги имаа пред рестриктивните мерки и за тоа ќе говори Премиерот на почетокот на следната седмица, рече Пецас.

Тој објасни дека во секој случај, процесот ќе биде постепен, долготраено и осмислен, за да немаме враќање назад.

-Почетокот може да биде со групи од населението, кои, како што покажаа статистичките податоци и како што посочуваат експертите, се помалку изложени на опасност од сериозни компликации. Може да биде со економска активност што подразбира помалку гужва, како што се малите продавници за малопродажба. Може, исто така даги вклучува и училишта. Во секој случај, должни сме да ги заштитиме најранливите групи граѓани, како што се старите лица и нашите сограѓани со здравствени проблеми, објасни Пецас.

Истакна дека Грците за време на велигденските празници го поминаа тестот на „индивидуална одговорност и колективна зрелост“ и додаде дека сепак, рестриктивните мерки се во сила до 27 април.

Портпаролот на грчката Влада објасни дека сепак постепеното враќање во нормала ќе вклучува и дел од неопходните елементи од новото секојдневие, а како пример ги спомена честото миење раце, избегнување на ракувањето, држењето растојание и сл.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија