Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено

Од:

Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине задолжителната употреба на маска на отворено, но, сепак, „останува силна препорака за употреба на маска на отворени простори со гужва, како и за луѓе со фактори на ризик за сериозни болести и невакцинирани лица“.

Додаде дека предлогот е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Претходно, во интервју за телевизијата „Скај“, Плеврис рече дека со укинувањето на задолжителното носење маса на отворено започнува постепеното олабавување на мерките во земјата

-Оценуваме дека до крајот на март ќе бидат укинати поголемиот дел од постоечките рестрикции и ако вака продолжи пандемијата и се потврдат предвидувањата, Велигден и лето ќе бидат многу блиску до нормалата за вакцинираните, рече Плеврис.

Истакна дека сепак, рестрикциите и ограничувањата за невакцинираните ќе останат непроменети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот