На плажа во Албанија и Црна Гора ќе се зборува како дома, се укинува роамингот во Западен Балкан

Од:

Од четврток се укинува роамингот помеѓу Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Одамна најавената промена, во изјава за српските медиуми, ја потврди помошникот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Милан Добријевиќ.

„Ова е последната фаза од спроведувањето на договорот склучен во Белград во април 2019 година и во таа последна фаза, чија имплементација започнува на 1 јули, ние целосно ќе го укинеме роамингот на Западен Балкан. Тоа значи дека цените за СМС пораки и користените податоци на мобилните мрежи во националниот сообраќај ќе бидат идентични на територијата на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија“, нагласи Добријевиќ.

Тој потенцираше дека цените на услугите за мобилна телефонија се изедначени за сите споменати земји, но ги замоли граѓаните да ги информираат своите оператори за деталите пред патувањето поради различните пакет-услуги што ги имаат, со цел да се избегнат недоразбирања и непријатности.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец