Од денеска задолжителна маска во сите затворени простори во Грција и на Кипар

Од:

Зголемениот број нови случаи на Ковид-19, како во Грција, така и на Кипар донесе и нови превентивни мерки, меѓу кои и задолжителното носење маска во затворени простори, а во спротивно, предвидени се казни.

Откако вчера во Грција беа регистрирани 78 нови случаи, најголем број во изминатите пет дена и поради појавите на опуштеност и непочитување на превентивните мерки, грчката Влада, презема дополнителни мерки, кои вчера ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, а дел од нив денеска стапија во сила.

До 31 август задолжително е носењето маска во сите затворени простори, вклучувајќи ги и црквите, а за прекршувањето, предвидена е казна од 150 евра.

Постои и препорака, до 15 август, маската да се користи и на отворен простор доколку е невозможно одржувањето растојание.

Откако беше соопштено дека маската е задолжителна, голем дел од министрите во грчката Влада, како и премиерот Кирјакос Мицотакис, на социјалните мрежи ги променија нивните профилни фотографии, заменувајќи ги со нови, на кои носат маска.

Дополнително, до крајот на месецов се забранува организирање на традиционалните фестивали со жива музика т.н. панаѓури.

Од денеска, во следните две седмици се откажуваат сите посети во центрите за нега на стари лица, како што се старечките домови, во центрите за бездомници и бегалци, како и во болниците.

Дел од мерките ќе стапат во сила во понеделник, како што е онаа за ограничување на 100 лица на бројот на гостите на свадбите, крштевките и погребите, а откако едемиолозите во Грција, во изминатиот период изразуваа особена загриженост за ситуацијата во ноќните клубови, во баровите и слично, каде што на забавите не се почитуваа мерките за одржување растојание, па така, до 9 август, забрането е стоење во кафулињата и ноќните клубови.

Зголемен број на новозаразени со Ковид-19 има и на Кипар, вчера беа соопштени 25 случаи, бројка што е особено висока, со оглед на тоа дека во изминатиот период, дневните случаи се движеа од нула до шест.

Кипарскиот министер за здравство Константинос Јоану соопшти нови дополнителни мерки, меѓу кои и задолжително носење маска во сите затворени простори, а предвидена е казна од 300 евра за непочитувањето на мерката, како и зголемување од 600 на 1.000 на тестирањата по случаен избор на аеродромите со акцентот ставен на кипарските државјани кои се враќаат од одмор во странство.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он