Од „Бершка“ одговорија на обвинувањата: Не ги снимаме гардеробите, камерата е насочена кон касата

Од:

Брендот за облека „Бершка“ во реакција на наводите дека во една од продавниците во белградски трговски центар има поставено камера во гардеробите, ги негира информациите и појаснува дека конкретната камера ја снима исклучиво касата.

Катарина Колозеус, сопругата на српскиот пејач Љубомир Перуќица, во објава на Инстаграм ја сликаше спорната камера, која, како што може да се види, е поставена веднаш над кабината во која се пресоблекуваат муштериите. Објавата предизвика многу реакции, а се јавија и поранешни вработени во тој бутик, кои тврдеа дека се снимаат и гардеробите, а снимките не се прегледуваат освен кога има случаи на кражба.

Српските медиуми објавија и дека во полицијата потврдиле оти камерата е со висока резолуција и дека се врти до агол од 180 степени, но немаше информација за тоа дали таа снимала и дали се чуваат евентуалните снимки.

„Во нашата компанија работиме на заштита на здравјето и безбедноста на нашите купувачи и на вработените. Во таа смисла, сакаме да нагласиме дека „Бершка“ воопшто и под ниту едни услови не ги снима клиентите во кабините за проба“, велат од компанијата, која е дел од шпанскиот текстилен конгломерат „Индитекс“.

„Камерата која е во прашање го снима исклучиво подрачјето на касата и тоа е единствената причина поради која е таму поставена. Исто така, имајте на ум дека по најстроги процедури и закони, снимките од нашите видеосистеми им се достапни на надлежните органи“, се додава во соопштението од компанијата.

Би можело да ве интересира

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек

Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Горан Наумовски

Србија против Албанија без навивачи

Два земјотреси ја погодија Србија: Првиот беше послаб, а потоа следеше посилниот

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија