Очалан ќе упати „историска“ порака за мирно надминување на курдскиот конфликт

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан се очекува денеска во пораката по повод курдската Нова Година -„Невруз“  да го претстави „патоказот“ за решавање на курдскиот конфликт во Турција, соопштуваат француските медиуми.

Пораката на Оџалан, кој во затворот на островот Имрали издржува доживотна затворска казна, ќе биде прочитана пред стотици илјади  луѓе, кои се очекува да присуствуваат на славњето на „Невруз“ во Дијарбекир – центарот на југоисточна Анадолија, кој доминантно е населен со Курди.

Пораката во четвртокот и била предадена на делегација претставници на прокурдската Демократска партија на народите, која Оџалан го посетила во затворот.

Се очекува пораката да соддржи предлози за конкретни мерки за давање поттик на преговорите, почнати уште есента 2012 година меѓу турската Влада и лидерот на ПКК, кои имаат за цел да заврши курдската вооружена борба.

Пратеникот на прокурдската Демократска партија на народите Сера Сореа Јондер, кој беше дел од петчлената делегација на курдски политичари кои го посетија Оџалан во затворот, изјави дека писмото ќе боде „историско“ и ќе вклучува патоказ и сосема нова перспектива за нацијата и регионот со сите теоретски и практични детали за патот кон мирот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски