Обвинителството нема да покрене истрага за Ѓул и Ердоган

Од:

Анкарското Обвинителство одлучи да не започнува истрага по тужбата на опозицискиот пратеник против премиерот и претседателот на Турција поради нивна поврзаност со убиството на 34 селани по грешка од страна на турската армија.

Пратеник на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) и член на Комисијата за човекови права Махмут Танал бараше да се покрене истрага за евентуалната одговорност за случајот односно кој издал наредба за нападот, како и за извршителите, за обезбедувачите на разузнавачките информации и за началникот на Генералштабот на турската армија.

Но, анкарското Обвинителство денеска одлучи во истрагата да не бидат вклучени премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул.

На 28 декември минатата година турската армија по грешка уби 34 селани, мислејќи дека се припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

 

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ