ОБСЕ и помага на Албанија да се ослободи од токсичниот отпад

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе и помогне на албанската  армија да се ослободи од 140 тони опасни воени хемиски супстаници.

Канцеларијата на ОБСЕ во Албанија соопшти дека 140 тони алуминиум оксид и ксиленол се веќе спакувани и подготвени да бидат натоварени на брод за Франција каде ќе бидат уништени.

Претставникот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Борхарт апелира и до другите земји од Западен Балкан да го следат албанскиот модел за демилитаризација.

ОБСЕ во соработка со Австрија, Чешка, Германија, Норвешка и Турција веќе и помогна на Албанија да се ослободи од околу 300 тони токсични хемиски супстанци и непотребна муниција.

Албанија стана членка на НАТО во 2009 година. 

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски