ОБСЕ го поздрави ослободувањето на турските новинари

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Десир изрази задоволство поради тоа што Турција ги поништи казните за седуммината поранешни новинари на „Кумхуриет“.

– Го поздравувам ослободувањето на поранешните новинари на „Кумхуриет“, по одлуката на судот да ги отповика изречените казни. Јас долго време се залагав за нивно ослободување во разговорите со турските власти, изјави Десир.

Врховниот апелациски суд ги поништи казните и новинарите Муса Карт, Гуарај Оз, Хакан Кара, Ондер Челик и Мустафа Кемал Гунгор вчера се ослободени, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Како што се наведува, казните за новинарката Кадри Гурсел и адвокатот Булент Утк, кои претходно беа ослободени, се преиначени, но поранешниот сметководител на „Кумхуриет“, Емре Ипер остана во затвор.

– Повторно ги повикувам властите да ги пуштат сите останати новинари и медиумски работници кои се затворени поради својата работа, вклучувајќи го и Ипер, рече Десир.

Тој додаде дека новинарството не е злосторство и не треба да се третира како такво.

– Се надевам дека овој потег ќе биде искористен за обновување на медиумскиот плурализам во Турција, истакна Десир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски