ОБСЕ ги осуди пресудите на новинарите во Турција

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ), ги осуди пресудите изречени на десетина новинари и писатели во Турција, истакнувајќи дека земјата ја прекршила посветеноста на слободата на говорот и независноста на медиумите.

– Длабоко сум вознемирена поради пресудите и острите казни чија должина и тежина е без преседан во целиот регион на ОБСЕ.

– Со кривично гонење на оние кои поинакумислат се кршат основните човекови права на слободно изразување и посветеност на земјите-членки на ОБСЕ да ја развиваат и штитат слободата на медиумите, се наведува во соопштението на претставничката за слобода на медиуми на организацијата Дуња Мијатовиќ.

Во затворот Силиври, во близина на Истанбул, вчера се осудени десетина медиумски работници на казни од шест години затвот до доживотна робија.

Тие се осудени во рамки на големиот судски процес за помагање или членство во Ергенекон, која турските власти ја сметаат за терористичка организација. Во прашање е судење на група од 254 припадници на војската, обвинети дека поттикнувале на оружен бунт против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу