Објавено вознемирувачко аудио од училницата, децата врискаат „Ве молам помогнете“

Од:

Објавена е вознемирувачка снимка од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ уби осум свои соученици и училишниот чувар.

Вознемирувачкото аудио од една од училниците започнува во моментот кога се слушаат првите истрели, но учениците се уште не знаат за што се работи, а некои од нив дури и се смеат, додека наставникот ги смирува.

„Седнете, седнете“, им вели наставничката на децата кои почнале да се смеат кога се слушнале првите истрели мислејќи дека најверојатно станува збор за петарди.

Набргу потоа од ходникот се слушнале детски плач, кои врескале и барале помош.

Аудио снимката можете да ја слушнете на следниот ЛИНК.

„Не е ништо смешно, навистина“, вели еден ученик од класот, како што се слуша на снимката.

Истрелите продолжија да се слушаат, а гласот на децата кои молеа за помош станува се погласен и поблиску до училницата во која се наоѓаа децата.

„Ве молам помогнете“, на видеото се слуша гласот на девојка од ходникот.

Наставничката веднаш реагирала и ги замолила децата да не излегуваат од училницата. „Ве молам, не излегувајте. Ве молам, некој влезе со пиштол“, рече учителката.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски