Објавени тајни документи од преговорите во Дејтон: По четири чаши виски, Милошевиќ попушти

Од:

Два часа разговор и четири чаши виски биле доволни да го омекнат поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ да направи отстапка во Дејтон, во 1995 година.

Овие податоци ѝ станаа достапни на јавноста откако беше тргната ознаката за тајност од документите што се однесуваат на мандатот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, наведува „Блиц“.

Медиумот, повикувајќи се на тие документи, наведува дека по тие четири чаши виски Милошевиќ организирал вечера на која се служеле јастози, а сакал и да ги малтретира соговорниците, но разменувал и вицеви со Алија Изетбеговиќ.

Досега тајните документи главно ги пишувал Џон Керик, соработникот на Ричард Холбрук, кој ги водел преговорите во Дејтон.

Во нив останува забележано дека додека Србите ги оплакуваа своите најмили кои настрадаа во војната во Босна и преживуваа под економски санкции, Милошевиќ не се двоел од вискито.

„Минатата ноќ поминав бизарни два часа во нашата соба со мапи, гледајќи во истакнатиот детаљ околу Гораџа. По четири чаши виски, Милошевиќ понуди повеќе од очекуваниот коридор кон Сараево. Помалку од предлогот на контакт-групата, но подобро од претходните опции.

Реакцијата на Харис беше претпазливо позитивна, а деталите сега ги прегледуваат босанските експерти за мапи“, стои во извештајот од 17 ноември 1995 година.

Истата вечер, Милошевиќ ја повикал делегацијата на САД на луксузна гозба. Ветил дека ќе се служат јастози.

Керик исто така прецизно направил психолошки профил на Милошевиќ.

„Се чини дека Милошевиќ ужива овде, во Дејтон, но изгледа и дека сака да малтретира луѓе. Клучно е да му се спротивставите кога ќе почне да напаѓа. Тој почитува и сака луѓе кои изгледаат цврсто како што се чини и тој. Секогаш нè става на испит. За да го мотивираме, моравме да му поставиме јасни цели и да не ги менуваме, освен ако не знаеме што точно ќе добиеме за возврат“, напишал Керик.

На масата имало тешки теми, граници, санкции, што влијаело и на расположението. Имало подеми и падови, денови „кога Изетбеговиќ не сакал да се види ниту со Туѓман, ниту со Милошевиќ“, а „Туѓман одбил состанок со Милошевиќ“. Посредниците од САД забележале дека сепак атмосферата понекогаш била и добра, и тоа преку мерката на пристојност.

Керик во еден од документите забележува дека Милошевиќ и Изетбеговиќ си кажувале вицеви на мајчин јазик, па делувало како да уживаат во меѓусебното дружење.

Преговорите во Дејтон траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, а на 14 декември во Париз беше потпишана спогодба со која се прекина четиригодишната војна во Босна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Синот на Милошевиќ: Русите ја научија лекцијата од нашите грешки, ќе победиме во Украина

Катерина Ѓуровски

Шмит: Не сум приврзаник за Дејтон два

22 години од демонстрациите кои доведоа до паѓањето на Слободан Милошевиќ

А1он

Ескобар: Дејтонскиот договор е патоказ кон европската интеграција на БиХ

Ана Ололовска

Месиќ: Србите го мразат Милошевиќ не затоа што предизвика војни, туку затоа што беше поразен во нив

Катерина Ѓуровски

Дејтонски договор 26 години подоцна , БиХ е во најголемата криза по 1995 година

Катерина Ѓуровски