Објавени прашањата на кои одговарала мајката на момчето-убиец: „Што било последното што и кажал пред да го изврши масакрот во училиштето?“

Од:

Во белградската полиција вчера била сослушана М.К.(46), мајката на момчето К.К.(13), кое е осомничено дека убил 9 ученици и чувар, а потоа ранил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во Основното училиште „Владислав Рибникар“.

Таа беше сослушана за да се утврди дали имало запуштеност или злоупотреба на момчето, а во наредните денови ќе биде сослушана и во Првото основно јавно обвинителство.

Ова е списокот на прашања на кои одговорила мајката на момчето, а клучното е – „Што беше последното што и кажал пред да го изврши масакрот во основното училиште „Владисалв Рибникар“?

1. Колку често го гледала синот, односно со кого престојувал повеќе, со неа или со татко му?

2. Дали знаела дека одел на стрелиште?

3. Ако е така, каков бил нејзиниот став за тоа?

4. Дали се однесувал чудно?

5. Дали момчето било малтретирано и запоставено, односно дали нешто му било скратено, дали се жалел за нешто…?

6. Што е последното нешто што и го рекол пред да го изврши масакрот?

7. Дали имал трауматично искуство?

8. Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?

9. Колку знаела за неговите интереси и какви биле тие?

10. Каков однос имала со таткото?

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата