НВО која им помага на бегалците во Грција обвинета за сексуална експлоатација

Од:

Европската унија суспендираше финансирање на невладина организација (НВО) која им помага на бегалците во Грција, за која се чека да почне истрага за наводна сексуална експлоатација и финансиска корупција, соопшти канцеларијата на еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Христос Стилианидес.

„Иако овие наводи се под истрага, Комисијата ги сфаќа многу сериозно“, се истакнува во соопштението.

Во документот исто така се додава дека ЕК има „нула толеранција за секоја злоупотреба на правата и личниот интегритет на сите бегалци и мигранти, како и за секоја злоупотреба на средства“.

Грчките власти се известени за случајот, а предметот е доставен и до ОЛАФ, канцеларијата на ЕУ за борба против измами од каде се чека да почне итна истрага. Името на невладината организација која е под истрага не е соопштено.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина