Новоизбраната грчка претседателка денеска ќе положи свечена заклетва

Од:

Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, во 11 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките и превенцијата од коронавирусот во Грција, донесе промени во предвидените манифестации за примо – предавањето на функцијата. Па така, на свечената заклетва во Парламентот, наместо 1000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре.

За Прокопис Павлопулос вчерашната церемонија на палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија беше негов последен јавен настап во функција претседател на Грција.

Екатерини Сакеларопулу на 22 јануари 2020, на гласањето во Парламентот, со широко мнозинство, со поддршка од три партии, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, беше избрана за прв жена претседател на Грција.

Позитивно гласаа пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење на промена, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од МЕРА25, Комунистичката партија на Грција и Грчко решение.

Соопштувањето на резултатите од Претседателот на Парламентот беше проследено со аплауз од присутните пратеници.

Сакеларопулу е осми претседател на Грција.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија