Новинарите на словенечката јавна телевизија повторно стапија во штрајк

Од:

Новинарите на словенечката јавна телевизија, три недели по првото барање за промени во раководството и уредувачката политика, денеска повторно стапија во штрајк, барајќи повисоки плати, автономија во работата и промени во раководството.

Бараме новинарска, институционална и уредувачка автономија, почитување на програмските и етичките стандарди, повлекување на штетните одлуки на програмскиот совет и социјален дијалог“, се вели во соопштението на нивниот синдикат.

Поради штрајкот, времетраењето на информативните емисии е намалено на неколку минути, а за попладнето е најавен собир на новинари пред зградата на Собранието, каде имаат намера да побараат државата да се вклучи во решавањето на проблемите на јавното радиотелевизија, како основач на јавниот радио и телевизиски сервис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг