Новинар во Турција ќе лежи 4 години затвор поради наводна закана кон Ердоган

Од:

Суд во Истанбул денска го осуди искусниот турски новинар Фатих Алтајли на четири години и два месеци затвор под обвинение за закана кон претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Како што пренесе ДПА, пресудата не е конечна. Сепак, 63-годишниот новинар, кој беше уапсен во јуни, ќе остане во притвор поради наводен ризик од бегство, јавија локалните медиуми.

Алтајли е познат по неговите дневни коментари за политичките случувања на неговиот популарен Јутјуб канал, кој има 1,5 милиони претплатници. Случајот произлегува од видео во кое Алтајли дискутирал за јавна анкета, според државната новинска агенција Анадолија.

Анкетата наводно покажала дека 70 проценти од луѓето во Турција се против доделување доживотно претседателствување на Ердоган.

Во видеото, Алтајли тврдел дека Турците никогаш нема да се откажат од правото на глас. Тој се повикал на историски случаи каде што некои османлиски владетели, претходници на модерната Турска Република, биле насилно отстранети.

Алтајли негираше какво било прекршување на законот, велејќи дека неговите коментари биле намерно искривени.

Критичарите го обвинуваат Ердоган дека владее на сè поавтократски начин.

Турското судство презеде засилени мерки против медиумските професионалци, уметници и активисти во последните месеци како дел од пошироката акција против опозицијата.

Лидерот на опозицијата Екрем Имамоглу, кој беше приведен и отстранет како градоначалник на Истанбул претходно оваа година, се соочува со обвиненија за тероризам и корупција, во што набљудувачите гледаат намерен обид на владата да го елиминира најпопуларниот ривал на Ердоган.

Би можело да ве интересира

Загинаа сите 20 членови на екипажот на срушениот воен авион – Ердоган изрази сочувство

А1он

Ердоган: Израел бара изговори за да продолжи со масакрите во Газа

А1он

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција

А1он

Ердоган вети дека ќе ja убеди Мелони да се откаже од цигарите

А1он

Откриена дипломатска драма: Како Ердоган го спречи Нетанјаху да дојде на самитот за Газа

Ердоган: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

А1он