Нови тензии помеѓу Турција и Грција за Кипар и Егејското море

Од:

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар предизвика контроверзи, тврдејќи дека Егејското Море и Кипар се во територијалните води на Турција.

– Ние го контролираме морето и морското дно…Црно Море, Егејско Море, источен Медитеран, вклучително и Кипар, оцени турскиот министер. Тој тврди дека овие области се во турската сфера на интерес и оти Турција има одговорност да обезбеди мир и стабилност.

Веднаш реагираше неговиот грчки колега Евангелос Апостолакис, барајќи Анкара да ги повлече бесмислените тврдења кои долеваат масло на билатералните тензии, јави грчкиот весник „Екатимерини“.

– Иако сме во фаза кога се обидуваме да најдеме начин да ги намалиме тензиите…Акар не изненади со нешто сосема ново, со работи кои со вон здравиот памет, потенцира Апостолакис.

– Грција се раководи од принципот за почитување на меѓународното право и договори. Кога тие принципи ќе се доведат во прашање, имаме причина за загриженост, појасни тој.

– Не мислам дека изјавите на Акар треба да се сфатат сериозно. Турските претставници треба да бидат сериозни и да внимаваат што зборуваат, оцени грчкиот министер.

Изјавата на Акар доаѓа по вчерашната посета на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос на Турција и неговата средба со турскиот колега Мевлут Чавушоглу. Катругалос на средбата рече дека Грција признава дека Турција, исто како и Грција, согласно меѓународното право, има право на експлоатација на Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски