Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Од:

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска донесе одлука Градот Нови Сад нема да ја организира новогодишната ноќ, ниту српската Нова година од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад кога трагично загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Тој рече дека трагедијата длабоко го потресе цел Нови Сад и цела Србија и дека е убеден дека го дели мислењето на сите жители на Нови Сад, дека е неопходно во овој момент да се биде со погодените од оваа несреќа, како и со нивните семејства.

„Од почит кон жртвите во трагедијата и како признание за болката и страдањето на нивните семејства, важно е оваа година да се откажеме од големите прослави и да бидеме обединети во болка, тага, сочувство и солидарност“, рече Ѓуриќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шест месеци по трагедијата во Србија: Големи протести во Белград и Нови Сад

Патрик Дрид, декан на ДИФ во Нови Сад, денес е нападнат пред неговиот факултет

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он