(ВИДЕО) Шест месеци по трагедијата во Србија: Големи протести во Белград и Нови Сад

Од:

Масовни протести се одржуваат денес во Нови Сад и Белград по повод шестмесечната годишнина од трагедијата во која загинаа 16 лица кога се урна настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Собирот во Нови Сад започна во 11.52 часот, точно во времето кога се случи трагедијата, а студентите и граѓаните им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење.

По комеморацијата пред Железничката станица, толпата тргна на протестна прошетка кон Мостот на слободата. На зелената површина пред станицата, студентите, без претходна најава, поставија спомен-плоча со натпис „Нови Сад се сеќава на 1.11.2024“, со што, како што велат, симболично го направија она што градските власти не го направија половина година.

За време на прошетката кон Мостот на слободата, се случи инцидент кога возач на автомобил се обиде да помине низ колона демонстранти. Граѓаните го запреле, го опколиле возилото за да спречат оштетување, а полицијата ги привела возачот и патникот, јавува Радио 021.

Во Белград, во исто време, студентите и пет национални синдикати организираат голем протест на платото пред зградата на Владата. Демонстрантите се движеа во колони од повеќе насоки, вклучувајќи ги Кнез Михаилова и Кнез Милош. Главните барања се однесуваат на измени во Законот за работни односи и Законот за штрајкови, кои организаторите ги доставија до Владата на Србија.

Би можело да ве интересира

„Борба до слобода“, рекоа студентите на антивладиниот протест во Нови Сад

Горан Наумовски

Неколку илјади граѓани и студенти на студентски митинг во Нови Сад

Горан Наумовски

„Сè започна тука“: Студентски протест во Нови Сад, поставени штандови пред главниот дел од програмата

Горан Наумовски

Маж падна од Петроварадинската тврдина – во несвест пренесен во болница

А1он

Брнабиќ: Статијата на „Форбс“ открива поради што се случи трагедијата во Нови Сад

Пронајдено e петгодишното девојче кое исчезна во Нови Сад

А1он