Во Нови Пазар за денеска е најавена протестна прошетка на навивачите на локалниот фудбалски клуб против филмот „Невиност на муслиманите“.
Аида Чоровиќ, директорката на невладината организација Урбан Ин од Нови Пазар, за радиото Б92 изјави дека протестот е сосема легитимен чин, но дека не очекувала дека во овој град ќе се организира било какво собирање поради филмот, кој ги разбесни муслиманите во светот.
Таа додава дека правото на уметничко изразување е една работа, но дека филмот и цртежите на пророкот Мухамед во францускиот печат се сепак провокација.