Група вооружени лица со ножеви и стапови демолираа и ограбија продавница на сириските бегалци во јужиот округ Адана, откако трговската дејност која Сиријците ја развиваат во таа област го зголеми незаводолството на локалните жители, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Десетина лица во турскиот град Сејхан кршеле прозорци на продавници, им се заканувале на Сиријците продавачи и ограбувале. Групата успеала да избега пред пристигнувањето на полицијата.
Според очевидци, Сиријците, кои држат многу продавници во регионот, еден ден претходно биле предупредени итно да си заминат оттаму. Локалните жители се жалат дека Сиријците се обидуваат да ги протераат од нивните квартови.
Полицијата почна истрага за случајот.