Новата премиерка на Република Српска ќе го претстави својот кабинет

Од:

Мандатарот за состав на новата влада на Република Српска, Жељка Цвијановиќ денеска ќе ги соопшти имињата на идните министри на седницата на Извршниот одбор на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), соопшти потпретседателот на оваа партија Радован Вишковиќ.

Тој истакна дека потоа следи барање за одржување посебна седница на Народното собрание на Република Српска, на која мандатарот ќе ја претстави програмата и ќе го предложи составот на својот кабинет.

Досегашната министерка за економски односи и регионална соработка во владата на српскиот нетите во Босна и Херцеговина, пред два дена е избрана за мандатар за состав на нов кабинет.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик нагласи дека Цвијановиќ добила целосна поддршка од СНСД и коалициските партнери за новата функција.

Би можело да ве интересира

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски