Новата грчка државна телевизија почна да емитува сигнал

Од:

На фрекфенцијата на поранешната грчка државна телевизија ЕРТ, од денеска се емитува логото на новиот канал, Грчка јавна телевизија (ЕДТ), јави дописникот на МИА од Атина.

Одлуката да почне да се емитува сигнал е донесена по синоќешното гласање во ресорната комисија за предлог-законот за основање Ново грчко Радио, Интернет и телевизија, или Нерит,  новиот национален радиодифузер.

Предлог-законот доби поддршка само од коалициските партии во Владата, Нова демократија и ПАСОК, а сите останати беа против. Дебатата за новиот закон ќе биде завршена утре.

Заменик министерот Пантелис Капсис задолжен за новата државна радиотелевизија, изјави дека телевизијата наскоро ќе почне да емитува програма, во прашање се „денови и часови“ и оти телевизијата на почетокот ќе прикажува играни и документарни филмови, до стартот на Нерит. На прашањето дали телевизијата работи со стари вработени во ЕРТ или нови кадри, Капсис одовори дека „Владата е отворена за дијалог“.

Лансирањето на Грчката јавна телевизија предизвика остра реакција од вработените во ЕРТ кои останаа без работа откако премиеrот Андонис Самарас минатиот месец одлучи да ја затвори. Грчките новинари од другите медиуми, кои ги поддржуваат своите колеги од ЕРТ, коментираат дека логото на новата телевизија е сосема „неинспиративно“.

И покрај новонастанатата ситуација, вработените во ЕРТ веќе втор месец продолжуваат да емитуваат програма на интернет, поддржана од Европската радиодифузна унија која побара враќање на сигналот на ЕРТ. Според поранешниот технички директор на ЕРТ Ник Михалицис, сигналот се емитува од студио на „Мега“, најголемата приватна грчка телевизија. Од таму се пренесува преку Дигеа, дигитална платформа за емитување која ја поседуваат шесте најголеми приватни станици, со помош на телефонската компанија ОТЕ.

Вработените во ЕРТ прашуваат дали ЕДТ е одобрена од страна на државниот радиодифузен регулатор, Грчкиот национален совет за радио и телевизија. Тие исто така прашуваат кој го плаќа персоналот во ЕДТ и врз основа на какви договори.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море