Нова трагедија кај Младеновац: Дванаесетгодишно момче со пушка си го уби братот

Од:

Момче (12) денеска беше убиено од неговиот постар брат (14) пукајќи од ловечка пушка во нивниот семеен дом во Меѓулужје кај Младеновац.

Според првите и неофицијални информации, се се одвивало во дворот од куќата, кога момчето и неговиот постар брат наводно се скарале за базенот.

Како што се дознава, смртоносниот истрел бил испукан од ловечка пушка.

Роднина на семејството наведува дека момчето додека било со децата во дворот само трчало низ нејзиниот двор и викало „Го убив брат ми“.

„Се слушна дека нешто пукнало, но не обрнавме внимание. Дури кога се појави и рече дека го убил, сфатив што се случило. Слушнав дека се скарале за базенот, но не знам што се случило“, вели соговорникот за српските медиуми.

Во моментот на убиството во куќата со момчињата биле баба и прабаба.

„Претпоставувам дека го убил со ловечка пушка во дворот, но не знам од каде ја добил. Кога ми кажа, почна да бега, почнав да го бркам и му се јавив на соседот кој е полицаец. Го стигнал и го вратил со автомобил. Дворот е полн со полиција“, вели соговорникот.

Момчето (14) кое е осомничено дека го убил својот брат (12) е уапсено и ќе биде изведено пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград. Исто така, неговата баба В.Л. (66) е уапсенa поради сомнение дека сторилa кривични дела неовластено изработување, држење, носење и пуштање во промет на оружје, тешки дела против општата безбедност, како и предизвикување општа опасност.

На В.Л и е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена во Вишото јавно обвинителство Белград.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Годишнина од масакрот во Орашје и Дубона: Дојдоа и родителите на убиените деца од „Рибникар“

Урош Блажиќ не се кае за масакрот, себе си се опишал како жртва на потсмев од мештаните

Горан Наумовски

Нови 30 дена притвор за убиецот Урош Блажиќ

Горан Наумовски

Потврдено е обвинението против убиецот Урош и неговиот татко Радиша

Судот одлучи: Урош Блажиќ останува во притвор

Поднесено обвинение за масакрот во околината на Младеновац