Судот одлучи: Урош Блажиќ останува во притвор

Од:

Вишиот суд во Смедерево му го продолжи притворот за уште 30 дена на Урош Блажиќ, осомничен за убиство на девет и ранети 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје на 4 мај.

Продолжен е и притворот на неговиот татко Радиша Блажиќ, вујко Горан Г. и братот на вујкото Борис Г., соопштија од Јавното обвинителство во Смедерево.

Како што прецизираа од Вишиот суд во Смедерево, на Урош Блажиќ му е продолжен притворот поради опасност од бегство, за да не го повтори делото за краток временски период, како и поради тоа што се товари за кривично дело за кое затвор е пропишана казна од над 10 години, а начинот на извршување на делото предизвика вознемиреност на јавноста.

Би можело да ве интересира

Урош Блажиќ не се кае за масакрот, себе си се опишал како жртва на потсмев од мештаните

Горан Наумовски

Нови 30 дена притвор за убиецот Урош Блажиќ

Горан Наумовски

Потврдено е обвинението против убиецот Урош и неговиот татко Радиша

Поднесено обвинение за масакрот во околината на Младеновац

Му овозможил на синот да дојде до оружје: Проширена е истрагата против таткото на масовниот убиец од Младеновац

Гореше куќа на роднина на масовниот убиец од Младеновац