(ВИДЕО) Годишнина од масакрот во Орашје и Дубона: Дојдоа и родителите на убиените деца од „Рибникар“

Од:

Во селата Мало Орашје и Дубона се одржува комеморација за жртвите од масакрот што минатата година на денешен ден го изврши Урош Блажиќ.

Покрај мештаните, почит оддаваат и роднини, пријатели, граѓани од цела Србија – кои со организиран превоз пристигнаа на местото на злосторството, каде што се одржува меморијалниот турнир и проекцијата на филмот „Небеска дружина“.

На годишнината од трагедијата присуствуваат и родителите на децата загинати во основното училиште „Владислав Рибикар“ во Белград, кои само ден претходно ги загубија животите на монструозен начин, кога врз нив пукаше школски другар – Коста Кецмановиќ.

Родителите на Ангелина Аќимовиќ, Софија Негиќ, Ема Кобиљски, Андрија Чикиќ, Ана Божовиќ, Мара Анѓелковиќ дојдоа да им оддадат почит на жртвите.

Би можело да ве интересира

Урош Блажиќ не се кае за масакрот, себе си се опишал како жртва на потсмев од мештаните

Горан Наумовски

Нови 30 дена притвор за убиецот Урош Блажиќ

Горан Наумовски

Потврдено е обвинението против убиецот Урош и неговиот татко Радиша

Судот одлучи: Урош Блажиќ останува во притвор

Поднесено обвинение за масакрот во околината на Младеновац

Му овозможил на синот да дојде до оружје: Проширена е истрагата против таткото на масовниот убиец од Младеновац