Нова средба на кипарските лидери за решавање на кипарското прашање

Од:

Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска ќа имаат нова средба во рамки на преговорите за решавање на проблемите со етничките поделби на островот.

Тие ќе ги разгледаат резултатите од досегашните преговори, водени под покровителство на Обединетите нации, пренесува БТА.

Кипарската грчка страна смета дека се уште има пропусти во однос на одделни аспекти на проблемот, како тој за имотот и основните слободи на двете заедници. Се уште не е разгледано и прашањето за територијата, безбедноста и гаранциите.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде, кој одржа одвоени средби со двајцата лидери, изјави дека преговорите се наоѓаат во критичка фаза и оти има уште многу детали кои треба да се средат.

Тој истакна дека и покрај тоа преговорите напредуваат и врз нив немаат негативно влијание политичките процеси, кои се случуваат во Кипар, како на пример претстојните парламентарни избори на островот во мај.

Преходно Еиде изјави дека во моментов постои уникатна можност за решавање на кипарското прашање, кое ќе донесе пари и инвестиции на островот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ