Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе се сретнат попладнево во Брисел во рамките на 16-та рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Брисел очекува во рамките на оваа рунда од дијалогот, што повторно ќе се одржи со посредништво на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, да биде постигнат договор околку прашањата поврзани со електричната енргија и телекомуникациите, за кои се преговара веќе две години.
Портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчич изјави дека покрај прашањата за струјата и телекомуникациите, доминантна тема на утрешните разговори ќе бидат и подоготвките за локалните избори во Косово закажани за 3 ноември.
– Важно е овие избори да бидат добро организирани и на нив да учествуваат претставници на сите заедници, нагласи Коцијанчич.