Нова демократија во предност пред СИРИЗА

Од:

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените exit polls, односно проценките за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, One и Open и државната ЕРТ објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“ и „ALCO“.

Резултатите од 80% преброени exit polls за приватните телевизии се:

Нова демократија 38-42%, СИРИЗА 26,5-30,5%, Движење на промена 6-8%, Комунистичка партија на Грција 5-7%, МЕРА25 3-5%,Грчко решение 2,5-4,5 %, Златна зора 2,8-4,8%.

Во однос на распоредот на пратеничките места, проценките на агенциите, според 80% од преброени exit polls се дека Нова демократија добива доволен број пратеници за еднопартиска влада. Поконткретно:

Нова демократија 155-467 пратеници, СИРИЗА 77-80 пратеници, Движење на промена 19-22 пратеници, Комунистичка партија на Грција 16-19 пратеници, Грчко решение 0-13 пратеници, Златна зора 0-13 пратеници МЕРА25 8-14 пратеници.

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски